За Нас

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО WOW BOX

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание Вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Комбинацијата на производи во WOW Box е несекојдневен избор создаден за да остави меморабилен впечаток и да предизвика воодушевување кај примателот. Многу ни е важно вашите подароци да зборуваат од срце и да ја пренесат вашата порака градејќи уште поблиски релации. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. WOW Box сетовите ги создаваме за да Ви помогнеме да направите некого среќен.

Сите WOW Box сетови подароци се пакувани во луксузни кутии со магнет, достапни во две димензии: мала (200х200х60мм) и голема (300х300х90мм). Производите во кутијата се заштитени со креп-полнење. Подароците се доставуваат на адреса на примачот луксузно декорирани со машна и картичка со име.

 

 

 

 

 

 

 

 

WOW Box Art

Со секој WOW Box подарок сет испраќаме и картичка за честитање со прекрасните мотиви на светски-познатата Македонска уметница Жанета Гелевска Велјаноска - Жани. Овие маркантни уметнички дела ќе ја пренесат вашата лична порака за пригодата на подарување.

Жанета Гелевска Велјаноска - Жани дипломирала на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје во 1989. Таа учествувала во бројни изложби во Македонија и била дел од различни уметнички проекти. Нејзините дела се присутни во повеќе од 15 земји ширум светот и се дел од многу приватни и јавни колекции. Во 1999 Жани била поканета да постави изложба во престижната Blains Fine Art Gallery во Мејфер, Лондон и наскоро потоа таа се преселила во Англија, каде сега работи како фриленс уметник.

 

 

Брендови кои ги одбравме и топло ги препорачуваме

Со љубов го правиме изборот на подароците. Сите производи одбрани во WOW Box сетовите се со врвен квалитет и премиум дизајн. Нашиот избор се препознатливите светски брендови: Santoro, Lékué, Ögon, JosephJoseph, König, Lindt, Hugo Boss, Gucci, Viktor & Rolf, Armani, Yves Saint Laurent, Pierre Cardin, Cohiba, Partagas, Vauen, Kras, Pino Toys, а особено не радува соработката со Македонските брендови: Икона, Публикум Арт и Ла Сои.


WOW BOX – ВАШ АСИСТЕНТ ЗА ПОДАРОЦИ

Во нашата продавница не најдовте подарок според вашата идеја? Сакате да подарите по сопствен избор? Сакате да подарите специфичен подарок: фустан, часовник, ташна, карти за концерт, патување, музички инструмент, домашно милениче?

Креирајте Персонализиран WOW Box

Испратете ни порака со вашите желби и ние ќе одиме во шопинг за вас. Опишете ни накратко што би сакале да подарите, за каков повод, за кој профил на личност е наменет подарокот а ние за 24 часа ќе ви доставиме предлози и понуда. Испратете ни порака овде.

Ви се допаѓаат нашите WOW Box но во моментот немате пригода за подарување? Имате пребукиран календар и стресни ви се деновите кога мора да брзате да изберете вистински подарок за драга личност?

Креирајте Персонализиран Календар потсетник

Испратете ни листа на датуми кои вам ви се важни и ние ќе бидеме ваш асистент потсетувајќи ве за овие датуми една недела однапред, а потоа и ден претходно. На тој начин ќе имате доволно време да одлучите за вашиот подарок и честитка. Испратете ни порака овде.

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS