Бук Бокс, Глобални Брендови
  • Бук Бокс, Глобални Брендови
  • Бук Бокс, Глобални Брендови
  • Бук Бокс, Глобални Брендови
  • Бук Бокс, Глобални Брендови

Бук Бокс, Глобални Брендови

1.800 MKD
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Извонреден подарок сет за секого со интерес за бизнис и бизнис стратегии. Сите ние имаме слушнато за Apple, Starbucks и Virgin, но овие три книги даваат дополнителен вреден увид во брендовите, бизнис стратегиите, личните профили на нивните извршни директори и нивните креативни искри.

Иновациските Тајни на Стив Џобс

 

Во неговиот реномиран бестселер Презентациските тајни на Стив Џобс, авторот Кармин Гало поставува едноставна чекор-по-чекор програма на моќни алатки и докажани техники инспирирани од презентациите на легендарниот Стив Џобс. Сега, тој ги споделува најпознатите, најоригиналните, и најефективните стратегии на извршниот директор на Apple за поттикнување вистинска креативност - и реални иновации - во секое работно место.

 

"Стив Џобс ја има реоткриено дистрибуцијата на музика, мобилниот телефон, и издавањето книги. Можеби ќе сакате да откриете како некој создава идеи вредни повеќе милијарди долари, и нив ги преобразува во производи кои носат промет од повеќе милијарди долари и кои секој ги сака и им се воодушевува. Оваа книга не е опција. Купи ја сега, а штеди утре. "- Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книга на продажба.
Научете како да го преиспитате вашиот бизнис, повторно да ги откривате вашите производи, и да ја ревитализирате визијата за вашиот успех - начинот на Стив Џобс.

Напред: Како Старбакс се бореше за неговиот живот без да ја изгуби својата душа

Во овој број 1 Њујорк тајмс бестселер, извршниот директор на Старбакс ја раскажува приказната и лекциите за лидерство заслужни за враќањето на глобалната кафе компанија.
Во 2008 година, Хауард Шулц, претседател на Старбакс, направи невидена одлука да се врати како извршен директор осум години откако се повлече од дневниот менаџмент на компанијата и стана претседател. Загрижен дека Старбакс загуби својот пат, Шулц беше решен да помогне Старбакс да се врати на своите основни вредности и да ја врати не само добрата финансиска состојба, туку и нејзината душа. Во Напред, тој ја споделува извонредната приказна за неговото враќање и тековната трансформација на компанијата под негово раководство, откривајќи како, за време на една од најпознатите бурни економски времиња во историјата, Старбакс пак постигнува профитабилност и одржливост без жртвување на човечноста. На читателите им нуди слика на еден момент во историјата, кој не остави ни една компанија недопрена, зумирајќи за да покаже, во возбудливи детали, како една компанија се борела и одново се рекреирала во средиштето на сето тоа. Наративот во брзо темпо е управуван од секојдневните тензии, како што настануваат конфликтите и им дозволува на читателите увид во психата на Шулц како што тој се соочува со неговите ограничувања и постигнува развој на неговиот лидерски стил. Напред, е релевантен, искрен наратив кој го документира созревањето на еден бренд, но и на еден бизнисмен.

Губење на мојата невиност: Како преживеав, се забавував и се збогатив водејќи го бизнисот на мој начин

Ммм, батали, ајде да го направиме.“
Тоа е филозофијата која му дозволи на Ричард Бренсон, во малку повеќе од дваесет и пет години, да оствари толку многу успешни потфати. Од авиопревоз (Virgin Atlantic Airways), музика (Virgin Records и V2), кола пијалок (Virgin Cola), до трговија на мало (Virgin Megastores), и речиси сто други, кои опфаќаат дејности од финансиски услуги до невестинска облека, Бренсон има постигнувања како никој друг.

Губење на мојата невиност е необична, често шокантна автобиографија на еден од најголемите бизнис гении на нашето време. Кога Ричард Бренсон го почнувал својот прв бизнис, тој и неговите пријатели одлучиле дека "бидејќи сме целосно девици во бизнисот, ајде да го наречеме така. Вирџин" Од тогаш, Бренсон напиша свои "правила" за успех, создавајќи група на компании со глобално присуство, но без централно седиште, без хиерархија во управувањето, и минимална бирократија.

Голем број од компаниите на Ричард Бренсон - авиокомпании, трговијата на мало, и кола се добри примери - биле основани во констелација на веќе изградена и позиционирана конкуренција. Експертите велеле: "Не правете го тоа." Но Бренсон пронашол златни можности на пазарите во кои корисниците плаќаат за екстра профити на компаниите или се недоволно услужени, каде што владее конфузија, а каде конкуренцијата е безгрижна.
Иако во поодминати години и под стрес, Ричард Бренсон ни дава нов модел: динамичен, работлив, успешен претприемач кој го живее животот во потполност. Семејството, пријателите, забавата и авантурата се подеднакво важни како и бизнис во животот на Бренсон. Губење на мојата невиност е портрет на продуктивен, здрав, урамнотежен живот, исполнет со богати и колоритни приказни:
Несреќа при слетувањето на неговиот балон со топол воздух во алжирската пустина, но решеност да истрае во обидот да биде прв кој ќе ја заобиколи земјината топка;
Потпишување договори со Секс Пистолс, Џенет Џексон, Ролинг Стоунс, Бој Џорџ, и Фил Колинс;
Борба против превземањето на Вирџин Атлантик од страна на Бритиш ервејс и успех во тужбата против столбот на британскиот бизнис естаблишмент
Пливање две милји до безбедност за време на бура во близина на Мексиканскиот брег
Продажба на Вирџин Рекордс да се спаси Вирџин Атлантик
Организирање на спасувачки лет во Багдад пред почетокот на Заливската војна. . .
И многу повеќе. Губење на мојата невиност е ултимативна приказна за личен и бизнис опстанок на човекот кој ги комбинира бизнис моќта на Бил Гејтс и промотивните инстинкти на П. Т. Барнум.

* Испораката на адреса во Скопје е 150МКД а во Македонија 250МКД.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS