Лејди’с Бокс 9
  • Лејди’с Бокс 9
  • Лејди’с Бокс 9
  • Лејди’с Бокс 9
  • Лејди’с Бокс 9
  • Лејди’с Бокс 9

Лејди’с Бокс 9

2.351 MKD
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:
* Текст за честитка:
* Датум и време на испорака:

Внимателен подарок за жени со љубопитна, интелектуална, инспиративна и духовно-силна природа. Лејди'с Бокс 9 ја содржи книгата Опра: Биографија и Cha Cult шоља за чај со мотив од африканските савани.

Познатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше - реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател. „Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја... Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“ — Los Angeles Times. „Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци... стотици интервјуирани личности... Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“ —The Washington Post.

Cha Cult шољата е изработена од фин порцелан со филтер и капак (безбедно користење во микро-бранова печка и машина за садови). Cha Cult е германски бренд кој ги продава своите производи само во селектирани продавници.

Линдор неодоливите чоколадни тартуфи се „слабост“ на секоја жена. Во овој сет Таа ќе најде задоволство во 200гр. Линдор тартуфи.

Картичката за честитање со овој подарок сет е „Време за кафе“, платно, 2014 на Жанета Гелевска Велјаноска-Жани.

* Испораката на адреса во Скопје е 150МКД а во Македонија 250МКД.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Тагови: book, gift, Oprah, Malala, Kate

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS