Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2
  • Стори Бокс 1 и 2

Стори Бокс 1 и 2

2.700 MKD
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:
* Марионета:
* Текст за честитка:
* Датум и време на испорака:

Со Стори Бокс израдувајте го вашето малечко и поттикнете ја неговата фантазија и интерпретација. Со збирката приказни A Year Full of Stories и Волшебникот од Оз марионетата или Диви животни - сетот кукли за на рака, детето може да вежба играње улоги и да ги развива своите вештини за прераскажување и драматургија.

Со A Year Full of Stories новата мајка на своето малечко ќе му подари соништа од бајките. Автор на книгата е наградуваната Angela McAllister која има напишано повеќе од 80 книги за деца од сите возрасти. A Year Full of Stories е збирка од 52 најпопуларни приказни од целиот свет (Принцот Жаба, Ќупот со злато, Источно од Сонцето-Западно од Месечината и други). Детето ќе се навраќа на оваа книга и подоцна, учејќи за различни култури и нивните празнувања.

Волшебникот од Оз на колекцијата Пино е традиционална играчка со извонредни дидактички и едукативни вредности за детето. Го поттикнува развојот на имагинацијата, драматичната репрезентација, моторни вештини и рамнотежа, како и социјализација и развој на говор кога се изведува претстава за други.

Куклите за на рака на колекцијата Goki - Диви Животни се изработени од микрофибер. Оваа дружина на лав, слон и жирафа се подготвени да му пеат или раскажуваат приказни на вашето малечко.

Изненадувањето ќе биде поголемо и послатко со неколку чоколатца Животинско Царство.

Goki е бренд на познатата Германска компанија Gollnest & Kiesel еден од најголемите производители на дрвени играчки во Европа. Нивните искусни дизајнери континуирано создаваат нови игри и играчки за деца а препознатливоста на Goki брендот е функционалниот дизајн на играчките и природни и интензивни бои.

Пино играчките се традиционални дрвени играчки кои ја поттикнуваат детската креативност и фантазија и овозможуваат развој на интелектуалните, емотивните и социјалните способности кај детето. Колекцијата Пино ги задоволува естетските, педагошките, хигиенско-здравствеите и безбедносни критериуми и се усогласени со Европскиот стандард за безбедност на играчките EN71.

Картичката за честитање со овој подарок сет е „Игра“, платно, 2016 на Жанета Гелевска Велјаноска – Жани.

* Испораката на адреса во Скопје е 150МКД а во Македонија 250МКД.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Тагови: gift, kids, story-book, puppet

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS