Информации за испорака

Испорака на WOW Box сетовите

Испораката на WOW Box сетови на адреса на примачот во Скопје и Република Македонија не е вкалкулирана во цената на сетот.

За да осигураме квалитетна, безбедна и навремена професионална испорака, користиме услуги од лиценцирани компании за испорака на пратки во Скопје и низ Република Македонија со особено внимание нивната услуга да е на највисоко можно ниво.

Испораката на производите во Скопје се извршува наредниот ден, а најмногу во рок од 48 часа по добиената информација за успешно плаќање на нарачката. Овие рокови не се однесуваат на Персонализираните WOW Box и тие се утврдуваат во директен договор со нарачателот.

Испораката на производите до останатите градови во Македонија се извршува наредниот ден но најмногу во рок од најмногу 48 часа по добиената информација за успешно плаќање на нарачката. Овие рокови не се однесуваат на Персонализираните WOW Box и тие се утврдуваат во директен договор со нарачателот.

WOW Box за да им излезе во пресрет на специфичните барања на нејзините купувачи остава можност за договарање на посебни начини на испорака за кои писмено ќе се согласат/договорат wowbox.mk и купувачот.

Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои wowbox.mk не одговара.

WOW Box подарок сетот ќе биде испорачан на адресата на лицето кое во процесот на плаќање сте го навеле како примач, а потврдата за успешното плаќање и фактура за нарачката ќе ги добиете по електронски пат на e-mail адресата на нарачателот наведена во неговата сметка на wowbox.mk.

Доколку доставните служби не успеат да го најдат примачот на наведената адреса за испорака, на таа адреса ќе биде оставено писмено известување за направениот обид и контакт информации од испорачувачот. Ќе биде направен повторен обид за стапување во контакт со примачот или купувачот на контакт броевите наведени од страна на испраќачот при процесот на плаќање.

Ќе ги превземеме сите разумни чекори и напори за направената нарачка да биде доставена во посочените временски интервали во овие услови за користење, но немаме одговорност за било каква загуба која може да ја претрпите како резултат на задоцнета испорака.

Наша препорака е нарачките да бидат направени во разумен рок со цел да се исклучи секоја можност за загуба предизвикана од задоцнета испорака, бидејќи wowbox.mk нема да биде одговорен за истата.

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS