Услови за користење

Услови за користење

Продажбата на WOW Box подарок-сетовите се одвива според пре-дефинирани услови содржани во Условте за користење. При купувањето на WOW Box сетовите ве молиме прочитајте ги Условите на користење пред да се согласите и продолжите со процесот на нарачка и плаќање. Означувањето и потврдувањето на полето „се согласувам со Условите на користење“ воедно подразбира дека сте информирани со условите за користење и истите имаат сила на облигационен договор склучен помеѓу вас и wowbox.mk.

Општи услови

Wowbox.mk може да направи измена или повлекување на било кој подарок сет од понудата објавена на wowbox.mk.

Wowbox.mk може да одбие пристап до страната во било кое време доколку смета дека е неопходно.

Wowbox.mk го задржува правото да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до wowbox.mk интернет страната во случај на било какво непочитување на овие услови за користење.

Во случај некој од овие услови за користење, или негов дел, да се покаже како неприменлив, за веќе направените нарачки условот ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.

Овие услови за користење се елементи на договорот кој се смета за склучен помеѓу нарачателот и wowbox.mk со прифаќањето на истите од страна на нарачателот при дефинирањето на нарачката. Истите може да се променат само во писмена форма.

Користењето на услугите на wowbox.mk и овие услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.

 

Купување од Wowbox.mk

При нарачувањето од www.wowbox.mk вие се согласувате сетот што сте го одбрале да го платите по објавената цена што е означена за тој сет.

Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека вашата нарачка успешно е примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел вие да имате потврда дека вашата нарачка е примена.

Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, wowbox.mk целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или ќе овозможи избор на друг подарок сет од актуелната понуда со претходна согласност на корисникот.

Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и по нив се постапува индивидуално.

 

Цени

Цената за секој производ е прикажана на интернет страната wowbox.mk во денари и во неа е вклучен 18% или 5% ДДВ, во зависност од видот на производите содржани во односниот/нарачаниот подарок сет.

Ние одговорно внимаваме објавените цени на wowbox.mk да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешка.

 

Плаќање

Плаќањето на нарачаниот производ може да се изврши на два начини, со нивно одбирање во модулот Начин на Плаќање:

-   со платежна картичка (кредитна/дебитна од брендовите Visa, VisaElectron, MasterCard и Maestro). При чекорите за плаќање од www.wowbox.mk ќе бидете пренасочени на сигурната страница на Casys каде ќе можете безбедно да ги оставите детаљите од вашата платежна картичка и да го извршите плаќањето. Доколку од околностите наложуваат, Го задржуваме правото да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување дека лицето кое ја врши уплатата со картичка е навистина сопственик на истата.

-   Банкарски трансфер - по комплетирање на вашата нарачка ќе добиете профактура со сите потребни детали за плаќање преку банка. Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака.

Нарачката треба да е во целост платена пред да биде испорачан подарок-сетот. Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на нарачателот.

 

Достапност на понудата

Настојуваме wowbox.mk да има постојана количина од понудените сетови подароци, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе ви е наплатен, од наша страна ќе ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на вашата сметка или ќе можете да изберете друг производ од wowbox.mk продавницата во наплатениот износ.

Сет подароците се на продажба се додека ги имаме на залиха и добавувачот на производите има количини за да обезбеди дополнување на нашата залиха. Доколку не сме во состојба да ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на вашата нарачка. Доколку е ова случај, вие може да ја откажете вашата нарачка и уплатениот износ ќе ви биде вратен во најбрз можен рок. Исто така можете да го искористите уплатениот износ за да купите друг подарок сет од wowbox.mk.

 

Испорака на WOW Box сетовите

Испораката на WOW Box сетови на адреса на примачот во Скопје и Република Македонија не е вкалкулирана во цената на сетот и изнесува 150 денари за Скопје и 250 денари за Македонија.

За да осигураме квалитетна, безбедна и навремена професионална испорака, wowbox.mk користи услуги од повеќе лиценцирани компании за испорака на пратки во Скопје и низ Република Македонија со особена грижа нивната услуга да е на највисоко ниво.

Испораката на производите во Скопје се извршува наредниот ден, а најмногу во рок од 48 часа по добиената информација за успешно плаќање на нарачката. Овие рокови не се однесуваат на Персонализираните WOW Box и тие се утврдуваат во директен договор со нарачателот.

Испораката на производите до останатите градови во Македонија се извршува наредниот ден но најмногу во рок од најмногу 48 часа по добиената информација за успешно плаќање на нарачката. Овие рокови не се однесуваат на Персонализираните WOW Box и тие се утврдуваат во директен договор со нарачателот.

WOW Box за да им излезе во пресрет на специфичните барања на нејзините купувачи остава можност за договарање на посебни начини на испорака за кои писмено ќе се согласат/договорат wowbox.mk и купувачот.

Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои wowbox.mk не одговара.

WOW Box подарок сетот ќе биде испорачан на адресата на лицето кое во процесот на плаќање сте го навеле како примач, а потврдата за успешното плаќање и фактура за нарачката ќе ги добиете по електронски пат на e-mail адресата на нарачателот наведена во неговата сметка на wowbox.mk.

Доколку доставните служби не успеат да го најдат примачот на наведената адреса за испорака, на таа адреса ќе биде оставено писмено известување за направениот обид и контакт информации од испорачувачот. Ќе биде направен повторен обид за стапување во контакт со примачот или купувачот на контакт броевите наведени од страна на испраќачот при процесот на плаќање.

Ќе ги превземеме сите разумни чекори и напори за направената нарачка да биде доставена во посочените временски интервали во овие услови за користење, но немаме одговорност за било каква загуба која може да ја претрпите како резултат на задоцнета испорака.

Наша препорака е нарачките да бидат направени во разумен рок со цел да се исклучи секоја можност за загуба предизвикана од задоцнета испорака, бидејќи wowbox.mk нема да биде одговорен за истата.

 

Работно Време

wowbox.mk е достапна за нарачки непрекинато, 24 часа секој ден во неделата, но доставата на подарок сетовите не може да се направи во неделите и за државните празници.

Нарачките направени во сабота после 16 часот, во недела или за време на државните празници, ќе се третираат како да се направени првиот следен работен ден, од кога ќе почнат да течат и роковите за достава.

 

Политика за приватност

Wowbox.mk е должен да ја заштити вашата приватност, како и податоците добиени за вас во согласност со оваа политика за приватност.

Wowbox.mk, според Законот за заштита на личните податоци обезбедува тајност и заштита на личните податоци на корисниците кои се регистрираат на веб страната и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се споделуваат со трети лица. Тие нема да бидат продадени, споделени или изнајмени на други лица. Корисникот/нарачателот има целосна достапност на својата сметка на wowbox.mk каде може да врши промена на своите лични податоци со избирање на линкот Моја Сметка.

Разгледувањето на понудата на wowbox.mk не е условено со регистрација. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка и телефонски број, за поефективна комуникација при реализација на нарачката. Лозинката која корисникот ја избира при својата регистрација се чува шифрирана во базата на податоци и како таква не може да биде прочитана ниту од вработените на wowbox.mk.

Wowbox.mk има сетирана опција одреден производ да го препорачате - споделите со пријател преку страниците на социјалните мрежи. Кај некоја од овие опции ќе биде потребно да ги внесете името, презимето и e-mail адресата на вашиот пријател. Личните податоци на вашиот пријател нема да бидат продадени или споделени со трета страна, но истиот може да биде додаден на контакт листата за добивање новитети од wowbox.mk за новите производи, услуги или промоции за кои сметаме дека би предизвикале интерес. Вашиот пријател има можност да ја отповика претплатата на инфо/новостите и ќе биде отстранет од контакт листата.

Доколку сакате да напишете препорака или оставите коментар на wowbox.mk имајте предвид дека сите податоци наведени на тој начин се јавни и можат да бидат прочитани од други. wowbox.mk не е одговорен за приватноста на личните податоци оставени во коментар/препорака.

При процесот на плаќање wowbox.mk ги регистрира следните податоци на купувачот: контакт информации и адреса за испорака. Овие податоци ќе бидат употребени за процесирање на нарачките и извршување на испораката. При реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот е пренасочен на заштитена web страна на CPay каде ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето. wowbox.mk во ниеден момент не располага со овие податоци.

Wowbox.mk ги бара контакт информациите, адресата за испорака и контакт број на примателот на подарокот за да обезбеди сигурна и благовремена испорака на подарокот. Овие податоци во ниеден момент нема да бидар продадени, споделени или откриени на трети лица, но wowbox.mk ќе ги намени за комуникација при промоција на нови сетови подароци и услуги кои би биле од потенцијален интерес на примателот на подарокот. Примателот на подарокот може да се откаже од добивање на промотивни и информативни е-mail пораки од wowbox.mk во било кое време.

Wowbox.mk користи “cookies” со цел полесно и побрзо пребарување на интернет продавницата. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат локално на вашиот компјутер, со кои wowbox.mk ќе го идентификува вашиот компјутер за следните ваши посети на wowbox.mk. “Cookies” се користат со единствена цел да приберат информации кои wowbox.mk ќе ги користи за анализа на посетите, нарачките и продажбите во нејзината веб-продавница.

Малолетните лица не смеат да оставаат лични податоци на wowbox.mk без дозвола од своите родители или старатели. wowbox.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги сподели со други лица без дозвола од нивниот родител или старател. 

Доколку оцениме потреба за промена во нашата политика за заштита на личните податоци, истите ќе бидат објавени изменети/дополнети во Условите за користење и ќе бидат искомуницирани со нашите купувачи на најдиректен масовен начин.

 

Поврат на средства по трансакција со платежни картички

WOW Box ќе изврши поврат на средствата на купувачот, доколку тој направил погрешна уплата а правото ќе може да го оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датумот и износот на извршената погрешна уплата.

 

Враќање на производи

WOW Box најодговорно се грижи да бидете задоволни со извршеното купување и добиениот подарок сет, но сепак, може да има случаи кога ќе сметате дека треба да го вратите производот. За да излеземе во пресрет на рекламациите настојуваме процесот на враќање на производите да биде што е можно поедноставен.

Во секој WOW Box има опис/декларација за содржината, количините и роковите/гаранциите за производите. При добивање на WOW Box подарок сетот ве молиме проверете ја автентичноста на содржината како и состојбата на производите во сетот. Доколку испорачаниот сет/производ не одговара на понудата за која имате извршено плаќање или некој производ од содржината е во неисправна состојба во најскор можен рок отпочнете ја процедурата за рекламација и враќање на сетот/производот. Рекламациите и барањата за враќање на производ/сет треба да бидат испратени во рок од 5 дена по приемот на производот/сетот. Рекламациите и барањата пристигнати по овој ток нема да бидат разгледувани.

За да извршите рекламација за производ/сет и побарате негово враќање потребно е да пополните формулар за таа намена поставен на wowbox.mk во менито за Кориснички сервис под Рекламација на производ. Во формуларот потребно е да бидат пополнети следните податоци за да се добие Авторизациски број за рекламација и враќање на производ: име и презиме, e-mail адреса, контакт телефонски број, број на нарачка, име и код на производот, причина поради која се бара враќање на производот и детаљи за неисправниот производ. Откако ќе го добиеме вашето барање за враќање на производ, започнува процедурата за негово враќање.

Враќањето на производот треба да се изврши во рок од 5 дена од денот на испраќање на барањето за негово враќање, заедно со добиената фактура за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти. Трошоците за достава на вратен производ се на товар на нарачателот.

Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме на платежната кредитна или дебитна картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 10 дена од приемот на вратениот производ/сет, штом ќе го провериме вратениот производ и ќе констатираме дека е вратен во онаа состојба во која ви бил испорачан. Износот кој се рефундира на сметката на купувачот ќе биде намален за трошоците на првичната достава на производот/сетот.

Производите во WOW Box подарок сетовите се заштитени во брендирана кутија, оригинално спакувани доколку тоа го овозможува димензијата на кутијата и дополнително заштитени со креп-полнење. Сепак, доколку некој од производите во сетот го добиете оштетен (при транспорт), или доколку станува збор за производ кој не сте го порачале, ке извршиме замена без надомест или ќе извршиме целосно рефундирање на уплатениот износ во најскор можен рок, доколку извршите враќање на производот во рок од 5 дена од неговиот прием.

 

Добредојдовте во WOW Box

Добредојдовте во нашата работилница за подароци. Во WOW Box посветуваме специјално внимание вашиот подарок да пренесе топла порака и да направи нејзиниот примател да се чувствува посебно. Среќата е најважното богатство на нашата листа на вредности. Со нашите внимателно селектирани сетови подароци би сакале да ви помогнеме да направите некого среќен.

прочитајте повеќе

Контакт

  • +389 70235550
  • shop@wowbox.mk

Facebook

WOW Box © 2018. UKION SHOPS